Светската дива Бијонсе стана заштитно лице на шведскиот синџир на продавници за облека H&M, а многу обожаватели беа воодушевени од нејзините фотографии. Но, не и таа.
Бијонсе на фотографиите позира во бикини гордо истакнувајќи го затегнатото тело. Но, изгледа дека пејачката се изнервирала кога дознала дека фотографиите се обработени на Фотошоп иако таа инсистирала на природни фотки. Нејзините славни облини се намалени, а тоа ја натерало да полуди од нервоза.
Извор за британскиот „The Sun“ изјавил:
„Кога Бијонсе дозна дека ги обработиле фотографиите и дека нејзиното тело не изгледа како во живо полуде. Таа е вистинска дива и беше бесна затоа што ги игнорирале нејзините желби.
Портпаролот на H&M признал дека имало расправа околу фотографиите:
„Во сите компаниии се расправа кои фотографии ќе се користат, така е и кај нас. Но, и H&M и Бијонсе се задоволни од резултатот“.
Иако Бијонсе не е задоволна од фотографиите, таа изгледа беспрекорно на нив. Се согласувате? (Нови фотографии од Бијонсе за H&M)