Оваа жена, иако има 91 година, е мошне активна и нема намера да се откаже од јавниот живот. Имено, Џеки Сталоне не само што беше една од учесниците во „Големиот Брат“ пред осум години, таа непрекинато го следи нејзиниот син на премиерите, а пластичните операции и ботоксот кои и го уништија лицето се уште се нејзина најголема слабост. Иако изгледа навистина витално за нејзините години, нејзиниот изглед е засрашувачки.
Со него таа насекаде привлекува внимание, па дури и во продавниците во кои пазари. Имено, многумина се зачудени зошто Џеки во последно време се почесто купува во евтини продавници и на распродажби, па се појавија гласини дека нејзиниот син и таа се одалечиле.