Актерката Кетрин Зета Џонс се наоѓа во психијатриска установа во која се пријави како би се лечела од биполарното пореметување од кое боледува. Таму се наоѓа од понеделникот, и би требало да остане во наредните месец дена.
Извори блиски на 43-годишната актерка велат дека станува збор за регуларни мерки, односно одржување.
Оскаровката во 2011-та беше на лечење против биполарното пореметување кое се карактеризира со нагли промени во расположението и депресија.
Таа за тоа и јавно проговори: „Не сум личност која сака да зборува за своите лични проблеми и приватен живот, но во овој случај, тоа го правам со надеж дека ќе ги поттикнам оние кои имаат сличен проблем како мојот, да сфатат дека може да се бори против оваа болест. Се се врти околу самоконтролата и поддршката од саканите“, изјави Кетрин минатата година.