Една од најпознатите манекенки во светот, организира раскошен провод за нејзиниот роденден. Дека Наоми Кемпбел се уште знае како добро да си помине, говори и фактот дека за нејзиниот 43-ти роденден ќе направи милионска журка.
Местото на одржување на големата прослава биде во клуб на Ибица, а преку 200 гости ќе ги забавува Дејвид Гета и групата „Black Eyed Peas“, за чие гостување манекенката издвоила дури милион евра.
Гостите освен сјајниот музички репертоар, ќе можат да уживаат во скапи вина и разновидни морски специјалитети, а се очекува меѓу нив да се најдат и Кејт Мос, Пи Диди, Леонардо Ди Каприо, Деми Мур, Лени Кравиц и многу други.