Хју Џекмен нападнат од обожавателка

Не е лесно да го заплашите Хју Џекмен. Само ден после бизарниот инцидент во кој една обожавателка го нападна со електрична машинка за бричење, Хју прошета по улиците на Њујорк како ништо да не се случило.

Австралискиот актер бил во теретаната во Вест Вилиџ кога го нападнала опсесивната обожавателка. Кетлин Терстон поминала покрај рецепцијата хистерично плачејќи и викајќи колку го сака актерот. Кога тренерот во теретаната ја застанал, таа посегнала кон нејзиниот џеб каде се наоѓала машинката полна со нејзини влакна, сакајќи да го избричи бидејќи не и се допаѓал со брада.

court-hugh-jackman-stalker

Хју ја замолил жената да не го допира, стои во извештаите на полицијата.

„Таа е жена на која очигледно и е потребна помош и се надевам дека ќе добие се што и е потребно“, изјавил актерот за CBS.

Ова не е прв пат Кетлин да го следи Џекмен. Актерот ја приметил и пред основното училиште во кое оди неговата ќерка, како и пред неговата семејна куќа во Вест Вилиџ.

- Реклама -