Ким Кардашиан и понатаму се обидува да се доближи до принцезата Кејт Мидлтон. Прво ѝ испраќаше фустани од нејзината колекција, кои брзо ѝ беа враќани, а сега Ким отиде чекор понатаму. Ѝ испрати писмо на принцезата.
Кога старлетата дознала дека таа и Кејт ќе се породат во исто време, ѝ испратила писмо во кое ѝ посакала среќа и ѝ испратила подарок.
„Кога Ким откри дека Кејт и таа ќе се породат во ист месец, беше многу возбудена. Нејзиниот личен асистент состави љубезно, топло писмо за Кејт и ѝ го испрати заедно со подарок“, рекол анонимен извор за американските таблоиди.
Меѓутоа, Кејт сѐ уште не испратила одговор, а од Бекингемската палата одбиле да ги коментираат овие наводи.