Богатата наследничка на сопственикот на Топ-Шоп, Филип Грин, Клои Грин, во моментов е во врска со славниот пејач, 44-годишниот Марк Антони.Двојката е во врска само неколку месеци, но Клои, која има 22 години, е до уши заљубена во славниот латино заводник кој веќе има 5 деца, од кои две со поранешната сопруга Џенифер Лопез.
„Клои и Марк се обожаваат, па затоа и одлучија да живеат заедно“ изјавил извор близок на британските медиуми.
Не е тајна дека Клои го познава Марк од мали нозе. Имено, Марк е долгогодишен близок пријател со нејзниот татко Филип.
„Марк е старомоден маж кој сака да се грижи за својата жена. Нејзиниот татко е смирен затоа што знае дека дечкото на неговата ќерка не е со неа само заради нејзините пари, и дека има сопствена кариера и богатство“, изјавил изворот.