Во првиот јавен коментар за разводот со Кејти Холмс минатото лето, Том Круз во интервју за една германска телевизија призна дека бил непријатно изненаден.
„Животот е предизвик. Имаш 50 години и мислиш дека конечно си се средил, а тогаш добиваш неочекуван удар. Тоа е живот“, рекол Круз.
Снимањето на филмови му помогнало да го преболи разводот.
„Животот е трагична комедија, мора да имате смисла за хумор“, додал.
Круз и Холмс се разведоа минатиот јули, пет дена пред 50. роденден на Круз. И двајцата јавно не ја наведоа причината за разводот, но таблоидите пишуваа дека Кејти не била среќна поради контролата што сциентологијата ја имала над нивното семејство.