„Бев единствениот кој беше на другата страна, вредноста на сликата беше 100 илјади долари“

Неговата работа е да ги следи славните личности, а често го гледа и слуша она што не би требало.
Карл Ларсен е еден од најпознатите фотографи во Лос Анџелес. Неговата главна задача е будно да следи со неговата камера што, како, каде, кога и зошто прават познатите и славни личности.

„Многу фотографи едоставно се возат околу ресторани и места на кои би можеле да бидат славните, но јас не работам така“, објаснува Карл. Наместо бесцелно да се вози наоколу, тој намерно оди на места каде што тој знае дека ќе биде некој кого го бара или едноставно добива повик за тоа.

Во неговата работа важно е да се познаваат и рутината на славните личности.

Život paparazzo fotografa (Foto: Splash)

„Нормално не се грижам за Брус Џенер, но сега поради приказната за неговата промена на полот и сообраќајната несреќа, знам дека фотографиите од него ќе бидат повеќе вредни од вообичаено“, вели Карл.

Познатиот фотограф објаснува дека во оваа професија е важно да се има луѓе кои ќе дадат информации за движењето на познатите личности.

„Тие луѓе се, на пример, оние кои работат на аеродромите. Бидејќи тие имаат листа на сите кои летаат, за одредена сума на пари ќе достават информации на папараците. Но, тоа обично се големи суми на пари“, вели Карл.

Иако вложува многу труд, платата за овој вид на работа не е баш голема.

„Добивам плата која не е голема па во главно живеам од провизии. Плаќам сметки, имам за храна и основни потреби, но без провизија која ја заработувам на екслузивни фотографии тоа не би било возможно“.

Најмногу пари добил за екслузивната слика од 2007 година на која Париз Хилтон која плаче во полицискиот автомобил пред одење во затвор.

„Бев единствениот кој ја сликаше од другата страна на авотмобилот и вредноста на една моја фотографија беше околу 100.000 долари“, вели тој. Неретко во неговата професија често да се сретнува со груби зборови и невкусни коментари.

- Реклама -