Бред Пит и Анџелина Џоли по свадбата во Франција одлучиле да се почестат, ни помалку ни повеќе, со луксузна јахта!
Брачната двојка потрошила 250 милиони фунти за луксузната јахта. А извори тврдат дека актерите планираат да потрошат уште 200 милиони за да ја уредат јахтата точно онака како што сакаат.
Како што пишуваат британските медиуми, јахтата ќе ја дизајнира познатиот италијански бродоградител Кантиери Навали Ризарди и ќе биде покриена со најскапото дрво и мермер.
На јахтата ќе биде вградена и технологија која им смета на папараците во обидот на сликање на фотографии, бидејќи ќе оневозможува дигиталниот фотоапарат да се фокусира.
По тајната венчавка во Франција, двојката се наоѓа во Малта каде го снимаат нивниот нов филм.
А додека се таму, и пред новата технологија на јахтата да биде вградена, папараците успеаа да фатат еден нивен ден на јахтата со децата.