Понекогаш тесниот фустан не е најдобриот избор…
Папараците ја сликаа познатата актерка Хали Бери на пристигнувањето за снимањето на „Late Show with David Letterman“ во Њујорк.
Но, тоа не е единственото нешто што го фатиле. Поради претесниот фустан и фактот дека не носела градник, едната брадавица „ѕиркала“ преку отворот на фустанот. А на познатата актерка ни малку не ѝ сметало тоа па весело им мавтала на камерите.
Холивудската актерка моментално работи на нов проект, серијата „Extant“, во која глуми астронаутка Моли која сама во вселената поминала 13 месеци, а на Земјата се враќа бремена.