Познатиот диџеј се опоравува во друштво на бринета.
Младиот музичар Тим Берглинг кој на пошироката публика е познат како Avicii, неодамна беше подложен на операционен зафат поради кој многу настапи се одложени.
Станува збор за итна интервенција поради која мора да одмара и мирува. Но, се чини дека за време на опорувањето во Мајами Бич е во друштво на атрактивна бринета.
Се чини дека познатиот диџеј е во изненадувачки добро расположение со оглед на тоа дека страдал од жолчен меур и пукнато слепо црево. Швеѓанецот изгледа опуштено, што ги израдувало неговите обожаватели.