За првпат папараците и фановите успеаја да видат како изгледа стомачето на Ким Кардашијан по раѓањето на малата Норт. 33-годишната мајка и идна сопруга на Кание Вест обожава да биде секогаш во центарот на вниманието, па ги избира многу прецизно своите излагања за секој свој настап, без разлика дали станува збор за средба со семејството или телевизиско учество.
Таа дебитираше нов моден стил, со офарбана коса, целосно во црно, за време на снимањето за новите епизоди на “Keeping Up With The Kardashians”.