Ким се враќа! Се појави во проѕирна маица

Поминаа четири месеци од раѓањето на Норт Вест, а мама Ким дури вчера го имаше нејзиното прво официјално појавување во јавност. На ревија во Париз таа се појави во нејзиниот познат стил – со проѕирна маица и сукња со голем шлиц.

32-годишната риалити ѕвезда Ким Кардашиан со момчето Кание Вест присуствуваа на ревија на Givenchy во Париз. Првпат по породувањето, Ким се појави на јавен настан и тоа во нејзин препознатлив стил. Во прв план ги истакна бујните гради кои „ѕиркаа“ под црната блуза, додека шлицот на макси сукњата ги покажа нејзините нозе.

Американските таблоиди пишуваат дека Ким не сакала да замине во Париз затоа што не сакала да ја остави ќеркичката во Лос Анџелес. Нејзиниот свршеник не сакал Норт да отпатува со нив поради преголемиот медиумски интерес. Поради тоа, баба Крис се согласила да ја чува внуката.

1

- Реклама -