Додека мама работи, тато Бекам вака ја забавува ќеркичката

Додека Викторија Бекам е зафатена со ревиите на модната недела во Њујорк, нејзиниот сопруг Дејвид Бекам ја чува малата Харпер Севен.

Папараците успеаја да ги уловат овие непроценливи моменти на славниот фудбалер со неговата ќеркичка кои и вие имате шанса да ги погледнете. Може да се забележи дека Бекам е еден грижлив татко кој сака да поминува време со децата за разлика од други славни кои одгледувањето на најмилите го оставаат на други. Другарче на Харпер во паркот во Њујорк е синот на познатата американска актерка и манекенка Моли Симс која може да ја видите на фотографиите.

- Реклама -