По една година повторно видени заедно! (видео)

Ова е првпат по една година некогашната славна двојка да биде забележана заедно надвор од судот.

Деми Мур и Ештон Кучер пред повеќе од една година одлучија да се разделат. Потоа тргнаа расправиите меѓу нив, а разводот се уште не е реализиран затоа што Деми бара од Ештон да и плаќа алиментација затоа што наводно поради неговото неверство нивниот брак се распадна.

Но, како што покажува снимката од TMZ, Деми и Ештон се во добри односи. Тие се снимени заедно на аеродромот Сен Хосе во Калифорнија каде што пристигнале со заеднички лет.

Според американските таблоиди ова е доказ дека се ближи крајот на оваа бракоразводна парница. Ова е првпат двојката да биде видена заедно надвор од судот.

- Реклама -