Упс! Фотографија која треба да ја погледнете подобро

Неговиот најнов хит „Blurred Lines“ зборува за маж кој заведува девојка во клуб, но во приватниот живот Робин Тик е далеку од тоа. 36-годишниот пејач е познат и по долгиот и среќен брак со Паула Патон, со која го има и 3-годишниот син Јулиан.

Но, деновиве на интернет страните се појави фотографија која видно го наруши семејниот углед на пејачот. Имено, на сликата на која Робин позира со Лана Сколарио, студентка од Њујорк, може во одразот во огледалото да се забележи како тој ја фаќа за задникот. Впрочем, истата таа на нејзиниот профил на една социјална мрежа објавила уште две „блиски“ фотографии со пејачот. Се претпоставува дека истите се направени ноќта кога се одржуваше доделувањето на MTV наградите, кога тој настапуваше заедно со Мајли Сајрус.

Интересно е тоа што фотографијата беше поставена и на Твитер профилот на неговата сопруга, со која Робин Тик е заедно повеќе од 20 години.

Robin Thicke and mystery girl