И покрај популарноста и парите, холивудскиот заводник Бредли Купер живее со мајка му Глорија.
Па не е чудо што тој понекогаш се дружи и со мајките на пријателите. 38-годишниот актер беше забележан како го напушта хотелот во кој бил сместен во Њујорк заедно со мајка му на Леонардо ди Каприо, Ирмелин.
Бредли и Лео се пријатели со години, а првпат се сретнале во нивните дваесетти кога Бредли работел како вратар во Морганс хотел во Њујорк и му помогнал на Лео со багажот до собата.