Софиа Вергара се сонча во Грција

Не е лесно да се сончаш со костим за капење кој има потенцијал да покаже нешто што не треба. Но, ако имаш фигура како Колумбијката Софиа Вергара тоа нема да ти биде проблем.

41-годишната актерка се одмора во Грција со нејзиниот свршеник Ник Лоеб. Двојката заминала во Грција во петокот, а Вергара на Whosay напишала: „На пат за Грција да ги измешаме работата и задоволството“.

Но, изгледа дека таа и нејзиниот свршеник, 38-годишниот милионер повеќе уживаат отколку што работат. Згодната актерка, која инаку има 20-годишен син, се забавува со Лоеб од 2010 година.

- Реклама -