Анџелина Џоли првпат со длабоко деколте по операцијата

Пред два месеци Анџелина Џоли објави дека направила двојна мастектомија и дека поминала три месеци во болнички процедури и операции.

Во трогателно признание за „New York Times“ напиша дека „воопшто не се чувствува помалку женствено“ по отстранување на дојките.

Таа гордо го покажа телото за време на нејзиниот одмор на Хаваи. 38-годишната изгледа самоуверено во црната маица со прерамки и отворено деколте.

article-2359113-1ABCD4FC000005DC-293_634x839

Тоа што во последно време најмногу се зборува во врска со оваа актерка е нејзината тежина. Многумина шпекулираат дека Џоли страда од анорексија, што таа го демантира.

Актерката викендов пристигна на тропскиот остров Оаху со нејзините два сина, Мадокс, 11, и Пакс,9.

 

- Реклама -