Со почетокот на летото таблоидите се полни со фотографии од плажа на познатите личности. Во денешниот бикини дуел ги споредивме младите конкурентки – пејачките Рита Ора и Ријана.
Во рамки на нејзината светска турнеја 25-годишната Ријана е во Полска, каде што одлучи да помине еден сончев ден на плажа. Но, по сѐ изгледа дека Ријана воопшто не се забавувала и во видеото што нејзината другарка Мелиса го постави на Инстаграм убавицата од Барбадос вели дека се чувствува „заробена како е**** животно“.
Подоцна и Рири објави фотографија за која напиша „Пробав да поминам еден ден на плажа, тоа беше грешка“.
Како и да е, Ријана изгледа беспрекорно во нејзиното издание за на плажа, сакаа таа да се сонча или не
22-годишната Рита Ора се сонча на поегзотична дестинација – Ибица. За разлика од нејзината колешка, таа се забавува и го користи одморот колку што може повеќе.