Славната двојка повторно одмора на Хвар

Исто како и пред три години славната двојка повторно го посети Хвар.

Со луксузната јахта „Va Bene“ на Хвар стигна Владимир Кличко со неговата девојка, актерката Хајден Панетиер.

Владимир и Хајден го посетија Хвар и во 2010, а и оваа година посетија еден познат хрватски ресторан во кој уживаа во морските плодови.

x

„Хајден и Владимир на некој начин се наши стари гости. Уживаа во морските специјалитети и беа сосема опуштени, комуницираа со персоналот. Владимир ни рече дека ова лето ќе се врати со брат му Виталиј, светски познат боксер, кој исто така веќе со години е на самиот врв во тој спорт“, рекол сопственикот на ресторанот.

hajden klicko

- Реклама -