Позирањето во долна облека не и е непознато, па Миранда Кер во саботата реши да покаже што има под црвениот фустан.
Ќе признаете дека ова е едно од пожешките изданија на австралискиот супермодел. Иако фустанот не е целосно проѕирен, материјалот е доволно чипкаст за под него да се види црниот градник и гаќичките на Миранда. Со овој неверојатен фустан, манекенката одлично искомбинирала потпетици со потписот на Christian Louboutin.