Неодамна познатиот холивудски актер раскина со неговата колешка Мишел Вилијамс, а сега е во врска со Белграѓанка која гради кариера во Холивуд.
Станува збор за Бојана Новковиќ, 31-годишна актерка која последните неколку недели повеќе пати е видена во друштво на актерот Џејсон Сегел. Папараците ги уловиле како се држат за раце, а често може да се видат заедно на ручек или во шопинг.
Убавата блондинка е родена во Белград, но веќе подолго време живее и работи во Холивуд. На седум години се преселила со семејството во Австралија, глумела во неколку ТВ серии, а завршила глума на McDonald Колеџот.
Џејсон е најпознат по улогата во серијата „Како ја запознав мајка ви“, а глуми и во други успешни филмови како „Ова се 40-тите“, „Како да ја преболиш Сара Маршал“…
„Често се дружат. Забавно им е заедно и Џејсон е навистина среќен“, открил анонимен извор за „People“.
Џејсон и Бојана оваа есен ќе ги гледаме во серијата „Rake“ и најверојатно се запознале на сет.