И додека многумина се прашуваат дали сѐ е во ред во врската на Ким Кардашиан и Кание Вест затоа што долго време не беа забележани заедно во јавност, двојката покажа дека сѐ е во ред.
Ким Кардашиан е во шести месец од бременоста за која вели дека ѝ задала големи маки. Често се жали на болки, но сега сигурно ѝ е полесно кога конечно го виде нејзиното момче, раперот Кание Вест. Тој моментно работи на новиот албум во Париз, додека Ким снима нови продолженија на реалното шоу „Keepin’ Up With Kardashians“ во Њујорк во кое наводно Кание не сака да учествува.
Двојката беше на романтична вечера, а деколтето на Ким не можеше да остане незабележано.