Тетоважите имаат многу посериозно значење во затворите. Тетоважите на затворениците можат да претставуваат и тоа како битен сегмент од униформата на затвореникот, не само објаснувајќи го злосторството поради кое се наоѓаат зад решетките, туку служат и како комуникациско средство со другите затвореници.Монографијата на водечкиот експерт за тату-иконографија Аркадиј Бронијков е најверојатно најбогатата колекција на фотографии на тетоважи на затвореници објавена досега.
Всушност, Аркадиј Бронијаков е пензиониран инспектор кој бил експерт за криминалистика. Работел во Министерството за внатрешни работи на СССР, повеќе од 30 години.
Една од неговите надлежности била и да ги посетува затворениците низ затворите на Урал и Сибир. Па, во периодот помеѓу 60-тите и 80-тите години интервјуирал, фотографирал и собирал доста информации за голем број затвореници во тоа време, градејќи ја најдобрата архива на тетоважи и нивните значења до сега.
Природата на злосторставата, освен во полициските досиеја, опишана е и на тетоважите на затворениците.
Подолу, тетоважите и нивните значења…
Костурската глава на рамото укажува дека затвореникот издржува доживотна затворска казна, а девојката која го држи фустанот со јадица (на неговата лева подлактица) укажува на фактот дека затвореникот е силувач.
Бодежот кој поминува низ вратот укажува дека затвореникот има убиено друг затвореник, и со тоа им се става на располагање на нарачателите на убиствата во затворот. Капките крв можат да го означат бројот на жртвите.
Ѕвездите на рамената укажуваат дека има најголем „авторитет“ помеѓу криминалците, медалите на градите кажуваат дека се бори против тогашниот режим, а очите на стомакот дека е геј (носот го означува пенисот).
Змијата околу вратот е знак дека затвореникот е зависен од дрога
Светилникот на десната рака на затвореникот е знак дека сака да биде на слобода. Секој зглоб означува казна, подолга од 5 години.
Ѕвездите на рамената на осуденикот означуваат дека бил регрутиран во војска од која подоцна дезертирал со цел да им се врати на злосторствата кои ги правел. Всушност, неговите тетоважи буквано значат дека ја презирал војската.
Ѓаволот на рамото е знак дека затвореникот ја презирал затворската власт. Ѓаволот има саркастична насмевка со која пробува да го исмее системот.
Сирената може да означува силување на малолетник или злоставување деца. Овие затвореници најчесто се изложени на изживување од страна на другите затвореници
Банкнотата од еден долар, облакодерите и машинганот со иницијали “US”, означуваат дека затвореникот си го „поштува“ америчкиот стил на живот, додека очите ја опишуваат фразата „Те пратам“
Текстот под костурските глави гласи „Бог против сите, сите против Бог“. Каубоецот со пиштолот е знак дека затвореникот во секое време е „на готовс“ и ги користи сите прилики. Гулабот на левото рамо е симбол на добри вести.Ружата на градите е знак дека полнолетството (18 роденден) го прославил во затвор
Доларот на „лептирот“ укажува на тоа дека затвореникот е обивач на сефови, перач на пари, или пак осуден поради криминал на државни пари
Поголемиот дел од затворениците биле тетовирани во катастрофални услови. Тетоважите во главно се правеле од комбинација на запалена гума и урина. Тоа било причината што огромен број затвореници оболувале од гангрена, сифилис, сида…