Актерката зачекори боса на црвениот килим

Актерката Кристен Стјуарт е една од најистакнатите обожавателки на патики меѓу ѕвездите во Холивуд.

Во секојдневниот живот ѕвездата од вампирската сага “Самрак” се залага претежно за овој тип удобни чевли и од време на време носи сандали со рамно тло.

Кристен практикува да носи високи потпетици само кога чекори на свечените црвени килими, по бројните фестивали и настани.

Kristen-Stewart-Taylor-Lautner-American-Ultra-Premiere

Доказ за ова наше тврдење е премиерата на филмот American Ultra, на која присуствуваше ѕвездата . Отакако поради ѕвезден кодекс,  позираше пред насобраните фотографи, таа побрза да се оддаде кон толпата од свои ѕвездени колеги и тивко да им каже „збогум“ на стилските Jimmy Choo. Фотографите сепак успеаа да ја снимат босоногата Кристен, додека со храбар од и широка насмевка на лицето зачекори по црвениот килим.

kr

Подоцна таа го соблече и фустанот на Zuhair Murad, заменувајќи го со бела маица и фармерки за забавата по премиерата.

gallery-1440020695-elle-kristen-stewart-after-party-t-shirt

- Реклама -