Познатиот модел за долна облека Лусијана Лопилато, заедно со нејзиниот сопруг, Мајкл Бубле, го очекува првото дете ова лето. Сепак, аргентинската убавица која кај нас ја запознавме по улогата на Миа Колучи, во нејзината последна фотосесија не покажува никаква „трага“ од нејзината бременост. Имено, 25-годишната Лусијана минатиот месец позираше за брендот „Ultimo“ за колекцијата пролет/лето во Њујорк, кога таа се наоѓаше во четвртиот месец од бременоста, а резултатите од фотосесијата можете да ги погледнете во галеријата подолу.