Мајли Сајрус го врати вереничкиот прстен на раката

Таа стана позната како малото слатко девојче на „Дизни“, Хана Монтана. Како и да е, малата Мајли Сајрус одамна ни покажа дека порасна, и дека речиси нема оставено ниту трага од нејзиниот наивен детски имиџ. 20-годишната актерка и пејачка вчера се упати кон музичкото студио во Холивуд, Калифорнија, во екстра краток фустан под кој очигледно не носеше ништо. Ѕвездата после долго време беше забележана како го носи вереничкиот пртен кој и го подари нејзиното момче Лиам Хемсворт. Всушност, тој истиот ден беше уловен од папараци-фотографите во Холивуд, промовирајќи ја новата колекција на брендот „Bench“.

- Реклама -