Линдзи Лохан целата во модринки

За некој ден таа треба да ја започне рехабилитацијата која и ја одреди судот, па веројатно Линдзи Лохан одлучила квалитетно да го искористи преостанатото слободно време и да поужива на плажите во Бразил заедно со нејзиното момче. Во необично бикини со боја на мастило, актерката ја покажа нејзината заоблена фигура, и бројните модринки по нозете. Сепак, тоа не и пречеше воопшто на Линдзи која гордо позираше на песокот.

Само неколку часа подоцна ѕвездата беше уловена на аеродром каде конечно се враќаше накај дома.

 

 

- Реклама -