Драматичен одмор: Хајди Клум го спасувала синот и двете дадилки

Хајди Клум со своите четири деца, момчето Мартин Кристен и двете дадилки уживаа на одмор на Хаваи сѐ додека идилата не им ја расипа голем бран. Синот Хенри бил во водата.

Одморот на Хаваите за Хајди Клум (39) за малку ќе се претвореше во трагедија. Целото семејство уживало во сонцето и океанот кога нејзиниот седумгодишен син Хенри и двете дадилки ги повлекол голем бран. Хајди со момчето, кое ѝ е и телохранител, веднаш истрчале кон нив.

heidi_klum_rescue_2_010413_360

„Како мајка многу се исплашив за своите деца, но и за сите останати во водата“, изјавила Хајди и додала дека нејзиниот син е добар пливач кој за среќа успеал да се врати на брегот.

heidi_klum_rescue_7_010413_360

„Успеавме да ги спасиме останатите“, раскажала Хајди која со поранешниот сопруг, музичарот Сил има четири деца, Лени (8), Хенри (7), Јохана (6), и Лу (3).

heidi_klum_rescue_2_010413_360

Фотографиите од драматичното спасување ги објави „Entertainment Tonight“.

- Реклама -