Џастин: Не се сеќавам речиси ништо затоа што бев издрогиран

Џастин Тимберлејк ги откри пикантериите од неговата младост.

Пејачот, актер и продуцент Џастин Тимберлејк во текот на едно интервју зборувал за неговото учество на музичкиот фестивал SXSW, а во таа прилика открил и неколку пикантерии од неговите млади денови. 32-годишниот Џастин изјавил:

„На овој фестивал бев првпат, но на Коачела сум бил многу пати.Искрено, на повеќето од нив не се сеќавам затоа што секој пат бев прилично издрогиран“.

Открил дека се чувствувал изгубено и не ја сокрил неговата љубов кон марихуаната за која рекол дека го опушта.

- Реклама -