Познатата креаторка Вера Ванг се најде на удар во јавноста откако беше откриено дека во нејзината продавница во Кина наплатува 375 евра само за пробување на венчаниците.
Вера Ванг има дизајнирано прекрасни венчаници за бројни познати личности, од Викторија Бекам, Кејт Хадсон и Ким Кардашиан до Иванка Трамп и Челзи Клинтон, па не зачудува тоа што нејзините венчаници ги сакаат сите. Сепак, познатата дизајнерка доби остри критики кога беше откриено дека во нејзината продавница во центарот на Шангај идните невести мора да издвојат 375 евра само за да ги пробаат фустаните и да останат во нив најдолго 90 минути.
И покрај тоа, бутикот „Вера Ванг“ што се простира на 850 метри квадратни, единствен во Кина со името на оваа креаторка, е преплавена со нарачки и младите невести резервираат со месеци само за да пробаат фустан.
Во земјата во која годишно се венчаат 10 милиони двојки, а свадбената индустрија има обрт од 10 милијарди евра, Ванг има очигледно добра заработувачка, па затоа оваа што ја зема само за проба наиде на критика. Кинезите особено ги погодил фактот дека Вера е припадничка на првата генерација на кинеските Американци затоа што нејзините родители се родени во Шангај.
Креаторката одговорила дека хонорарот за проба е воведен за да ги заштити своите фустани од валкање и оштетување.
„Додека невестите во нејзините продавници ширум светот се подмитуваат со вино и ласкање, таа од невестите во Кина очекува да ја подтмитуваат неа“, пишува на блогот Shangaiist.com.