Сека: Се смирив со Рогановиќ штом ја слушнав песната!

Сека Алексиќ откри дека се смирила со Милош Рогановиќ, авторот на популарната песна „Аспирин“, пишува српскиот весник „Курир“.

„Ми се јави продуцентот и ми рече дека Милош има одлична песна за мене. Реков дека не доаѓа предвид, меѓутоа, ме убедија да ја слушнам. Веднаш штом ја слушнав го сменив мислењето“, открила Сека.

Пејачката е и видно ослабена и на големо се зборува дека правела липосукција.

„Овие денови сите ме прашуваат како сум ослабела толку, дали сум направила липосукција… Не, само напорно тренирав. Вељко и јас напорно трениравме“, рекла пејачката низ смеа.

Сека ја најави и премиерата на новата песна “Шампионе“ за 30 март, но откри и дека одлучи некое време да не дава интервјуа.

„Одлучив да не се појавувам во медиумите, а со фановите ќе се дружам на настапите и преку Твитер“, рекла пејачката.

- Реклама -