За многу познати личности велиме дека не се менуваат, дека нивниот изглед останува ист со текот на годините. Погледнете го списокот на славни линчсти кои се постари отколку што многумина мислат.
Џони Деп (49)
Веројатно никој не би рекол дека ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ Џони Деп е доволно стар за на колешката Натали Портман да ѝ биде татко. Роден е во 1963 година, а може да помине како да има 30.
Аврил Лавињ (28)
Кога во 2002 година се појави на сцената, стана симбол на поп панкот. Иако од тогаш нанесува повеќе шминка, сѐ уште изгледа како некогаш. Дали би ѝ дале 28 години? Таа уште изгледа како тинејџерка.
Хали Бери (46)
Оваа актерка завладеа на филмското платно во 90-тите, а и денес изгледа како и на почетокот на кариерата. Тешко е да се пронајде разликата на нејзините фотографии снимени пред 20 години и неодамна.
Лив Тајлер (35)
На Стивен Тајлер годините му се познаваат, но неговата најстара ќерка Лив Тајлер и понатаму има детско лице. Се надеваме дека нема да тргне по стапките на татко ѝ.
Гвен Стефани (43)
Со годините одлично се носи и Гвен Стефани. Родена е во 1969 година, но и понатаму изгледа младо и свежо како кога се појави на сцената.
Роб Лове (48)
Овој актер воопшто не се смени од 80-тите. И денеска изгледа младо и убаво.