Иако сме навикнати да ја гледаме Бијонсе во гламурозни и секси изданија на сцената, таа не ретко знае да сподели со нејзините фанови и фотографии на кои го покажува нејзиниот вообичаен живот.
Во четвртокот таа ги сподели на Инстаграм нејзините последни фотографии на кои може да се види како се забавува кревајќи го малиот италијански мотор на едно тркало.
Таа воедно на нејзиниот профил на „Tumblr“ постираше и фотографии на кои позира покрај предмети кои се стари неколку декади.
Сопругата на Џеј Зи веројатно сака малку да се позабавува пред да ја започне светската турнеја во април. Колку за потсетување, првиот концерт Бијонсе ќе го одржи во Белград на 15 април.