Наташа Беквалац и Влада Вуксановиќ раскинаа по едногодишно забавување и тоа пред еден месец. Славната двојка не го криела ова само од јавноста, туку и од најблиските. Пејачката и манекенот ја завршиле романсата пред Влада службено да отпатува во Австралија, објави српскиот магазин „Пулс“.
„Ната го прослави 8 март со сестра ѝ Кристина и Бојана Стојковиќ. Влада наредниот ден се врати од Сиднеј, но Ната не го пречека на аеродром, ниту, пак, тој отиде кај неа, што би било логично, со оглед на тоа што се немаа видено еден месец“, рекол изворот за „Пулс“ и додал:
„Изгледа дека на Наташа не ѝ се допадна тоа што Влада беше долго време во Грција, па веднаш замина во Австралија“.
Наташа и нејзиниот менаџер не одговарале на телефонските повици за да ја потврдат или негираат информацијата за раскинувањето.
Влада,пак, не бил расположен за разговор.
„Само што дојдов од пат, не сум спиен. Ќе се слушнеме утре, навистина сега ништо не би коментирал“, рекол манекенот.