Иако неодамна изјави дека нејзниот дечко Кание Вест ја учи повеќе да ја цени и почитува приватноста, сепак, тоа не значи дека Ким Кардашијан во целост ќе се откаже од публицитетот.
Далеку од тоа. Впрочем, фотогеничната двојка неодамна позираше во интимна фотосесија за францускиот магазин „L’Officiel Hommes“. На досегашните фотографии можевме да ја забележиме голотијата на Ким, целосно задскриена позади грбот на пејачот. Но, во последните објавени фотографии, можеме да видиме и малку повеќе.