Иако вчера најпознатиот шпански актер Хавиер Бардем наполни 44 години, тој се уште важи за еден од најголемите заводници во светот. Речиси и да нема девојка која не мечтае еден ден да се најде на местото на неговата сопруга Пенелопе Круз.
Хавиер е добитник на Оскар, Златен глобус, БАФТА награда, четири Гоја награди, две награди за европски филм, награда за најдобар актер во Кан и две Copa Volpis награди во Венеција за своето дело. Тој е првиот шпански глумец номиниран за Оскар за најдобар актер, во 2000 година, за филмот Пред да падне ноќ (Before Night Falls) и воедно првиот кој го освоил, но за најдобра споредна улога во филмот „No Country For Old Men,“.
Бардем не знае да вози, а себеси се нарекува “работник”, а не актер. Тој е атеист. По донесувањето на законот за хомосексуални бракови во Шпанија во 2005 година, предизвикал големи расправии кога изјавил дека кога би бил геј, ќе се омажел уште веднаш, само за да си поигра со црквата. Животното дело на Бардем било удостоено на Готхам наградите во 2007 година. Истата година, тој започна романтична врска со Пенелопе Круз. Парот стапи во брак во 2010 година на Бахамите, а во моментов тие го очекуваат нивното второ дете.