Мајкл Даглас и Зета Џонс се разделиле?

Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс се разделиле уште минатата година, наведуваат американските медиуми.

Иако нивниот брак важеше за еден од најсреќните и најстабилните во Холивуд цели 12 години, поради разни притисоци и тешкиот период низ кој минуваа, доаѓало до чести несогласици. Имено, Мајкл се бореше со ракот на грлото, Кетрин (43) со биполарното растројство, и згора на се синот на Мајкл имаше проблеми со законот.

Мајкл (68) уште во текот на летото се одселил од нивниот дом со нивните две помали деца, двегодишниот Керис и дванаесетгодишниот Дилан.

„Тешко ја поднесоа болеста на Мајкл, психичките проблеми на Кетрин, и проблемите на неговиот син со законот, па веќе одлучија дека не можат да живеат заедно“, рекол извор.

„Мајкл се пресели во изнајмена куќа на одредено време, но нивната раздвоеност би можела да доведе до конечно разделување, па можеби и развод“, додал изворот кој сепак нагласил дека пред се станува збор за кризен период. „Кетрин и понатаму го сака Мајкл и смета дека е важно семејството да остане заедно, пред се заради децата.“

Болеста на актерката кои некои поедноставно ја нарекуваат тешка депресија, и беше откриена неодамна, а се манифестира преку чести и екстремни промени во однеувањето.

Лековите кои ги зема редовно и помагаат да ја преброди болеста, но влијаат врз нејзината постојана состојба, што е една од можните причини поради честите проблеми во бракот.

Глумицата неодамна искрено изјави: „Имам психичка болест, и не се срамам од тоа“, и додала дека заради неа, доколку почувствува дека има потреба, сама ќе отиде во установа.

- Реклама -