Северина се соблече топлес

Severina za Europa Donna

Познатата хрватска пејачка Северина Вучковиќ го поддржа големиот хуманитарен проект „Даруваме розов живот“ на Europa Donna, европската коалиција за борба против ракот на дојка и позираше топлес.
На 21 февруари во музејот Мимара ќе се одржи голема хуманитарна ревија во која ќе учествуваат познати личности од Хрватска. Тоа ќе биде еден од низата настани на кои Europa Donna ќе собира средства за купување на линеарен акцелератор, прв таков апарат во Хрватска за рано откривање на ракот на дојка.

- Реклама -