Децата на познатите холивудски ѕвезди не отстапуваат ниту чекор од модата.
Погледнете кои се најпознатите деца кои секогаш се во тренд благодарение на вкусот на нивните родители.
Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс е несомнено прва на листа најмодерни холивудски деца. Светската јаност беше запознаена со фактот дека нејзината мајка уште на 3 – годишна возраст ја шеташе по штиклички.
Децата на Бред Пит и Анџелина Џоли не помалку ја воодушевуваат јавноста со своите брендирани парчиња облека.
Ќерката на Хали Бери обожава облека во впечатливи бои.
Помалата ќерка на Бен Афлек и Џенифер Гарнер дури посетува курсеви по мода. Можеби уште од мали нозе ја подготвуваат за модниот бизнис.
Ќерката на Сара Мишел Гелар често се појавува во балерински костуми.
Поголемата ќерка на Џесика Алба ја обожува розовата боја и дезенот со линии.
Синот на Кортни Кардашиан, Мејсон се појавува во едноставна, но со посебен стил, облека.
Синот на Гвен Стефани знае да ја изненади јавноста со необични костуми.
Најмалата ќеркичка на Викториа и Дејвид Бекам, Харпер ги засенува речиси сите деца со својот моден вкус поточно оној на нејзината мајка.