Не се знае дали редовната посета на теретана или грижите околку разводот ја одржуваат Ким во идеална форма. Но, она што е видливо е дека во фотосесијата за мартовскиот број на магазинот Elle бремената Ким изгледа неверојатно.
Откако ја започна соработката со екс – стилистот на Лејди Гага, Никола Формичети, Ким не испушта ниту една прилика да го пофали сопствениот дизајнер и стилист.
Не може да се каже дека нејзиниот стил преживеа радикални промени, тигрестиот дезен и златото и натаму се нејзин заштитен знак, но едно е сигурно – дозата на елеганција е многу поочигледна.
Во последната фотосесија таа позира во палто од Tom Ford, елегантен фустан со длабоко деколте Victor&Rolf и накит од Chanel. Незабележани не останува ниту ексцентрично подигнатата фризура и златните чевли.