Овие две колешки, во последно време се почесто покажуваат дека се бренд за долгогодишно пријателство. Бијонсе на нејзиниот „Фејсбук“ профил и посака среќен роденден на нејзината другарка Кели Роланд од „Destiny’s Child“, групата во која тие две ги започнаа своите кариери.
„Happy Birthday to my sis Kelly! ♥“ (Среќен роденден на мојата сестра, Кели!), таа напиша и објави интересна црно-бела фотографија од нив две.
Кели, која денес полни 32 години, неодамна шармираше на црвениот килим на „Греми“ церемонијата, и воедно изјави дека е пресреќна за повторното обединување на „Destiny’s Child“.
„Кога погледнав од другата страна на сцената на „Супер Боул“, и ги видов Бијонсе и Мишел до мене, срцето ми дојде до грлото. Бев пресреќна. Тоа навистина беше прекрасен момент.“