Меган Фокс ја замени ладната зима за топлиот Бразил, па февруарските денови ги поминува на карнвалот во Рио со сопругот Брајан Остин Грин.
Згодната глумица не можеше а да остане незабележана со венчето од цвеќиња на главата и кратките шорцеви кои ги откриваа нејзините витки и долги нозе.
Меган и нејзиниот сопруг го набљудуваа самба-процесот од ВИП ложата, покажувајќи си нежност постојано, со што оставаа впечаток на заљубен брачен пар кој си поминува одлично. Меган од неодамна е заштитно лице на едно бразилстко пиво, па посетата во Рио беше поттикната воедно за да го испромовира овој алкохолен напиток.