Џастин Тимберлејк: Не ја нареков Бритни кучка!

Justin-Timberlake-Britney-S

Одзивајќи се на вестите кои го обиколија светот, конечно се огласи и Џастин преку неговиот „Твитер“ прифил: „Не сум навредил никого!“

На познатиот пејач и актер очигледно му беше извадена од контекст изјавата која ја даде на неговиот настап на „Супер Боул“ додека ја изведуваше песната „Cry Me a River“, издадена во 2002 година, за која постоеја шпекулации дека е посветена за неговата поранешна девојка Бритни.

untitled

„Понекогаш мислите дека сте ја нашле вистинската, а подоцна дознавате дека била само обична кучка.“ кажал пејачот пред насобраните фанови. Со оглед на тоа што нивната тригодишна врска беше прекината поради нејзиното неверство, секако, се чини логично да се поврзе дека Џастин мислел токму на неа.

Сепак, со оглед на неговиот „Твитер демант“, бракот со прекрасната Џесика Бел, како и фактот што сето тоа се случуваше пред повеќе од 10 години, логично е поп-ѕвездата да продолжила понатаму.

- Реклама -