Жизел за првпат соработува со Шанел

z1

Супер моделот Жизел Бундхен и покрај неодамнешното породување со второто дете не планира да земе одмор.

Таа и натаму е дел од најатрактивните рекламни кампањи и потпишува договори со најзвучните дизајнерски имиња. Овој пат станува збор за најновата козметичка линија на Шанел.

z4

Жизел е заштитно лице на компактната пудра „Les Beiges“ која на пазарот ќе се појави оваа пролет. Пудрата овозможува природно покривање и мат – ефект на лицето. Сите овие предности беа демонстрирани од преубавата Бразилка и тоа пред објективот на Марио Тестино.

Ова е прва соработка на Жизел со париската модна куќа Шанел.

- Реклама -