Бијонсе проговори за трагедијата: Тоа беше најтажната работа во мојот живот

beyonce

Позната по тоа што успешно го крие приватниот живот, светската дива Бијонсе за првпат проговори за абортусот што го преживеала пред две години.

31-годишната пејачка во документарниот филм „Life Is But a Dream“ опишува што се случило и вели дека спонтаниот абортус е „најтажната работа што и се случила во животот“.

„Пред две години бев бремена. Го слушнав отчукувањето на срцето и тоа беше најубавата музика што сум ја слушнала во животот. Избирав имиња, замислував како ќе изгледа моето дете, се чувствував како вистинска мајка. И кога стигнав на преглед во Њујорк, отчукувањето повеќе не се слушаше. Една недела пред тоа бев на преглед и се беше во ред. Се шокирав. Отидов во студио и ја напишав најтажната песна во мојата кариера. Тоа ми беше најдобра терапија“, раскажува Бијонсе во документарецот.

Jay-Z-Beyonce-Knowles-Romantic-Pictures

Иако Бијонсе сега за прват зборува за абортусот, нејзинит сопруг Џеј Зи во песната „Glory“ откри неколку детали. Раперот ја напиша оваа песна во чест на нивната ќерка Блу Ајви, но стиховите „минатиот пат абортусот беше толку трагичен, се плашевме дека ќе исчезнеш“ се однесуваат токму на оваа семејна тргедија.

Документарниот филм ќе биде емитуван на HBO на 16 февруари. Погледнете го трејлерот

http://youtu.be/SgI0-XSaZq4

 

- Реклама -