Нова дисквалификација поради насилство во “Фарма” (ВИДЕО)

За помалку од една недела откако почна емитувањето на реалното шоу „Фарма“, се случија дури две насилни инциденти кои резултираа со дисквалификација на натпреварувачите.
Црногорскиот пејач Бојан Томовиќ синоќа беше дисквалификуван откако тој физички го нападна Кристијан Голубовиќ и Сузана Вукашиновиќ, а всушност ја барал Зорица Марковиќ, која сакал да ја убие, како што повеќе пати повтори.

На основа на коментарите на другите учесници, може да се заклучи дека Томовиќ бил во алкохолизирана состојба, и дека земал и лекови. Тој и претходно доживеа емотивен слом поради смртта на својот татко, па сето тоа влијаело на неговото однесување.

Од продукијата објавија дека Томовиќ е дисквалификуван поради насилството и дека повеќе не е учесник на „Фарма“, и најстрого го осудуваат ова однесување.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“


Bojan Tomovic hoce da bije Zoricu Markovic… by emil-mesic

- Реклама -