Сека Алексиќ сака да екпериментира и да пробува нови трендови, но не секогаш предизвикува позитивна реакција.
Иако многу нејзини колеги лесно се согласуваат на хирушката интервенција, со цел својот изглед да го донесат до совршенство, Сека не е нивен поддржувач. Но, со задоволство се одлучува на промени кои не бараат одење „под нож“.
Овој пат Сека реши да проба малку поинаков начин на шминкање, и на следбениците на Инстаграм им ги покажа „омбре“ усните.
Сека сакаше да ги воодушеви фановите, но на повеќето не им се допадна резултатот.